Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Летен младински камп 100% Црвен крст

2024-07-22

Летен младински камп 100% Црвен крст

На ден 18.07.24 започна националниот летен младински камп 100% Црвен крст. Кампот е традиционална активност на младите, кој се организира веќе 15-та година, а оваа година е наменет за новоизбраните раководства на клубовите на млади. Истиот претставува можност за стекнување на знаења и вештини за организирање на младите во своите клубови, креирање на програмски активности, развој на клубот на млади, подобро запознавање со структурата и активностите на националното друштво, поднесување на иницијативи на локално и национално ниво. Поздравно обраќање имаа Претседателот на Црвен крст на РСМ проф. д-р Ромел Велев и Претседателот на Совет на Млади, Александра Сандева.